Лисандро Мартинез заминува од Манчестер Јунајтед

Аргентинскиот фудбалер Лисандро Мартинез е на пат да го напушти Манчестер Јунајтед.

Како што објавија шпанските медиуми, Мартинез наскоро би можел да го напушти Манчестер, а за дефанзивецот се заинтересирани Барселона и Атлетико Мадрид.

Барселона сè уште има проблеми во задната линија, а на Каталонците итно им се потребни засилувања за повторно да ја освојат Лигата на шампионите по повеќе од десет години.

Атлетико го доведе партнерот на Мартинез од аргентинската репрезентација, Кристијан Ромеро, во летниот преоден рок, па доаѓањето на дефанзивецот на Јунајтед изгледа логично.