Само што заздрави, Рафиња пак повикан за бразилската репрезентација

Рафиња е капитен на Барслеона и исклучително важен фудбалер во системот на Ханси Флик, а поради лошата историја која ја има со настапи во бразилската селекција, секој список на Карло Анчелоти се очекува со одредена доза на нервоза.
После повредата која ја заработи во месец септември на пријателски натпревар против Австралија, Рафиња мораше да биде во аут неколку недели и се уште е дозиран од страна на Германецот, па токму поради тоа, многумина во Барселона сметаа дека ќе биде поштеден за тоа што следи.
Рафиња заработи серија повреди на неговите три последователни репрезентативни собири во 2026 година, а сето ова предизвикува сериозна загриженост во Барселона во пресрет на ноемврискиот прозорец.