Мојс го отстрани Грилиш од тимот на Евертон

Поранешниот англиски репрезентативец Џек Грилиш (31) е исфрлен од тимот на Евертон поради кршење на клупската дисциплина.

Грилип без дозвола од тренерот пропуштил тренинг на „карамелите“. Го пропушти дуелот во Лига купот, во кој Евертон го победи Њукасл и се пласира во четвртфиналето.

Според информациите од „Гардијан“ и „АП“, Грилиш го пропуштил тренингот без претходно да побара дозвола, поради што тренерот Дејвид Мојес одлучил да го изостави од тимот. Се очекува дека англискиот фудбалер ќе биде и парично казнет.

Грилиш не играше ниту во поразот од 2:0 од Арсенал во саботата, но тогаш причината за отсуството беше болест. Тој беше во почетниот состав на претходните три лигашки натпревари.

Тој игра во Евертон како позајмен од Манчестер Сити. Во 2021 година Сити за него на Астон Вила и плати околу 117 милиони евра.