Алкалоид лесно го надигра Прилеп

Ракометарите на Алкалоид вечерва како домаќини во меч од 9.коло во ракометната Суперлига, успеаја да слават со 37-27 против составот на Прилеп.

Иако се комбинираше со составот, сепак Алкалоид и на овој меч си го искажа својот квалитет па на крајот со резултат 37-27 успеа да освои нови бодови.

Никола Костески кај домашните имаше забележителен настап со 10 погодоци од единаесет обиди.

Кај гостите најефикасен беше Маркоски со 5 погодоци.