Манчестер Јунајтед го сака Фермин Лопез

Англискиот гигант покажува сериозен интерес за еден од најперспективните млади фудбалери на Барселона, а првите конкретни чекори веќе се направени.

Раководството на Јунајтед веќе контактирало со релевантни страни за да се информира за можноста за ангажман на Фермин Лопес.

Барселона го смета за важен дел од своите планови, па евентуалниот трансфер воопшто нема да биде лесен за реализација.

Дополнителен проблем за Манчестер јунајтед може да биде интересот од Пари Сен Жермен, кој исто така ја следи ситуацијата околу шпанскиот играч.