Атлетико победи без примен гол и против Леванте

Тимот на Диего Симеоне ја продолжи победничката серија, овојпат славеше лесна победа на гостувањето кај Леванте од 2-0 и во моментов се качи на лидерската позиција на табелата.
Атлетико Мадрид на гол се израдува уште во 16. минута, но погодокот им беше поништен поради офсајд.
20 минути подоцна Грималдо постигна регуларен гол со пробив од левата страна за водство на гостите од 1-0. Тоа беше и резултатот од првиот дел.
По 15 минути игра во второто полувреме, Џулијани Симеоне постигна гол и ги постави конечните 0-2.
Атлетико Мадрид сега е на првото место на табелата во Ла Лига, но вечерва Барса го пречекува Алавез, па голема е веројатноста дека по тој меч тие ќе се вратат на врвот.