Маркез на чекор до светска титула во МотоГП

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез чекори кон 10. титула во кариерата, откако денеска славеше на трката за Големата награда на Малезија, а во прилог му беше и повредата на најголемиот конкурент Хорхе Мартин од Априлија.
Маркез ја запиша 106. победа во професионалната кариера и уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите возачи во историјата на Мото ГП шампионатот.
Возачот на Дукати одлично реагираше на стартот и го презема водството пред неговиот брат Алекс Маркез, по што ја градеше предноста во однос на ривалите. Зад него голема борба водеа Алекс, Педро Акоста и Марко Бецеки.
Марк Маркез во генералниот пласман води со 399 бодови, додека Мартин е на втората позиција со 355 поени, а Бецеки е трет со 332 бода.