Милитао ограбен за време на „Ел Класико“ во Барселона

Додека бразилскиот дефанзивец беше со Реал Мадрид во Барселона, најмалку двајца крадци провалиле во неговиот луксузен дом во мадридската населба Ла Моралеха.
Непријатно изненадување за Едер Милитао по враќањето од големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид. Домот на бразилскиот фудбалер во Мадрид бил цел на провалници, кои однеле накит и скапоцени часовници чија вкупна вредност се проценува на околу 350.000 евра.
Кражбата се случила во неделата, на 25 октомври, токму во вечерните часови кога на „Камп Ноу“ се играше Ел Класико. Милитао во тој момент бил со експедицијата на Реал Мадрид во Барселона. Се наоѓаше во составот на „кралскиот клуб“, но не добил можност да настапи на натпреварот.
Според информациите од Шпанија, во куќата влегле најмалку двајца провалници, кои успеале да стигнат до собата на бразилскиот дефанзивец. Особено загрижувачки е фактот што во домот во тој момент имало и членови на семејството на фудбалерот, кои не забележале дека се случува кражба.
Меѓу украдените предмети имало скапоцени часовници, накит и други вредни лични предмети. Алармниот систем не се активирал бидејќи не бил вклучен, додека провалниците ги уништиле безбедносните камери, обидувајќи се да ги отежнат сопствената идентификација и полициската истрага.
Членовите на семејството дознале за инцидентот дури откако на адресата пристигнале полицијата и припадници на приватното обезбедување. При проверката на собата на Милитао биле забележани расфрлани предмети, вклучено светло и траги од провалата.