Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

Актуелниот вицешампион во македонската кошаркарска лига, КК Скопје, ја прекина соработката со Мирко Петрески и за нов тренер го назначи искусниот Александар Петровиќ.

Петровиќ се враќа во тренерските води по заминувањето од Гостивар во февруари годинава. Во својата кариера ја предводеше и екипата на МЗТ Скопје, со која стигна до шампионската титула, а работеше и во Пелистер, Академија ФМП, Куманово и Карпош Соколи.

Новиот тренер го презема КК Скопје во незавидна ситуација. По шест одиграни кола, тимот има само една победа и се наоѓа на дното на табелата.

Петровиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг, а дебито на клупата ќе го има во недела, на гостувањето кај Штип.