Кејн го надмина Шилтон и доби пристоен подарок од Модриќ

Пред почетокот на натпреварот меѓу Англија и Хрватска (2-1) на „Вембли“, беше организирана посебна церемонија во чест на Хари Кејн, кој го запиша својот 126. настап за англиската репрезентација и стана апсолутен рекордер по бројот на одиграни натпревари за националниот тим.

Во церемонијата учествуваше и капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, кој на англискиот напаѓач му врачи специјален подарок од Хрватскиот фудбалски сојуз.

Станува збор за реплика на првата фудбалска топка, која била донесена во Хрватска од Англичаните во далечната 1880 година.