Познати сите можни ривали за мартовскиот бараж за нашите фудбалери

Фудбалската репрезентација на Македонија го доби и последниот потенцијален противник за мартовскиот бараж за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нации.

Mеѓу можните ривали на македонската селекција ќе биде и репрезентацијата на Естонија. Естонците вечерва славеа со 2-1 против Бугарија, додека Исланд убедливо го совлада Луксембург со 3-0.

Покрај Естонија, Македонија во баражот може да се соочи и со селекциите на Молдавија, Фарските Острови и Белорусија.

Ждрепката за бараж-дуелите ќе се одржи на 20 ноември, додека натпреварите се предвидени за периодот од 25 до 30 март 2027 година.