По повеќе од две децении, ќе се промени еден од симболите на Лигата на шампионите

Од наредната сезона УЕФА ќе се случи промена во сите три европски клупски натпреварувања.
Компанијата „Најк“ ќе го замени „Адидас“ за официјалните топки на Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.Реклама0
Со тоа завршува 25-годишната соработка меѓу УЕФА и германскиот производител на спортска опрема.
Низ годините топките „Адидас“ станаа симбол на Лигата на шампионите, но од наредната тоа се менува.
Од сезоната 2027/28 најголемите европски натпреварувања ќе се играат со топки на „Најк“, се очекува наскоро и официјална промоција.