Пењароја во Партизан до јуни 2027 година

Српскиот кошаркарски гигант Партизан и шпанскиот стратег Жоан Пењароја постигнаа договор за продолжување на соработката до крајот на сезоната 2028/2029, објави белградскиот клуб.

Управниот одбор на Партизан денеска го одобри новиот договор, кој ќе го задржи 57-годишниот Пењароја на клупата до лето 2029 година.

Белградскиот клуб соопшти дека новиот договор ја одразува заедничката цел на клубот и тренерскиот персонал за постигнување резултати достојни на традициите на „црно – белите“.

Пењароја го презеде Партизан во декември минатата година на местото на трофејниот Жељко Обрадовиќ, а истата пролет го одведе тимот до финалето во Јадранската лига.