Маркез е Мото-ГП шампион по осми пат

Шпанскиот мотоциклист, Марк Маркез, ја освои осмата титула во Мото ГП шампионатот иако денешната трка за Големата награда на Португалија ја заврши на осмото место.
Математиката пред оваа трка велеше дека на Маркез му е потребно да заврши на една од првите девет позиции без разлика на резултатот на конкурентот, Хорхе Мартин пред кој имаше предност од 55 бода.
Маркез го направи тоа и испиша историја, дојде до осмата титула во Мото ГП, има вкупно десет, по една во 125цц и Мото2.
Со овој успех Марк Маркез го надмина Валентино Роси кој има седум титули, осум има само уште Џакомо Агостини. Што се однесува до денешната трка, победник Марко Бецеки, а место на подиумот имаше и за Хорхе Мартин и Раул Ферандез.