Де Брујне како противник ќе истрча на „Етихад“

Кевин де Брујне по вторпат ќе истрча на тревникот на „Етихад“ како противник, но емоциите во Манчестер повторно ќе бидат на највисоко ниво.
Иако белгискиот ас го носи дресот на Наполи по заминувањето како слободен играч во 2025 година, пред големиот дуел најмалку се зборуваше за тактиката, а најмногу за темните облаци што надвиснаа над неговиот поранешен клуб.
Откако независната комисија во септември го прогласи Манчестер Сити за виновен за кршење на финансиските правила на Премиер лигата преку фиктивни спонзорски договори со кои биле прикриени повеќе од 830 милиони фунти, англискиот гигант се соочува со драконски санкции, од парични казни и одземање бодови, па сè до исфрлање од лигата или бришење на освоените трофеи.
Сепак, 35-годишниот Белгиец испрати јасна порака дека ниту една административна одлука не може да го промени неговиот однос кон клубот каде ја помина најубавата деценија од кариерата.
„Секако, се случуваат многу работи во последно време, но јас не можам ништо да променам околу тоа. Горд сум на сè што направив како фудбалер и, искрено, ова е мојот клуб. Ги сакам сопствениците, со нив сум разговарал за многу работи надвор од фудбалот, па дури и со претседателот Калдун Ал Мубарак зборував за тоа како да купам сопствен клуб.