Видомски: Можеме да го победиме Гдањск

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер денес го игра петтиот натпревар во Европската лига, а противник им е екипата на Вибжеже Гдањск.
„Мислам дека го заборавивме Алкалоид и треба да се фокусираме на овој натпревар. Го анализираме овој последен натпревар, ги издвоивме работите што ги направивме лошо и што ги направивме добро. Не можеме да размислуваме за тоа што се случило, сега треба да се фокусираме само на овој натпревар. Последниот меч беше тежок, уморни сме, но треба добро да се подготвиме и да го дадеме најдоброто од себе.-Гдањск има многу добри млади и искусни играчи. Сакаат да го играат тој шпански стил, па во одбрана прават пресинг од број два до број пет. Во напад играат до крај со полна сила. Мислам дека тоа е нивното најдобро оружје.Играме тежок натпревар, но тоа е добро за нас. Тежок натпревар го гради нашиот менталитет. Сакаме да играме под притисок, а и играме дома. Па, ако нашите навивачи ни помогнат, а сигурно ќе ни помогнат, ова може да биде навистина, навистина добар натпревар за нас“, -порача Анджеј Видомски.
Средбата е закажана за вечер од 18:45 минути.