Судот му ја врати африканската титула на Сенегал

Десет месеци по едно од најконтроверзните финалиња во историјата на фудбалот, конечно е познат победникот на Африканскиот куп на нации. Арбитражниот суд за спорт (CAS) во Лозана пресуди во корист на Сенегал, на кој му беше вратена титулата континентален шампион.

Сенегалците ги победија Мароканците и на теренот и на суд. Ставен е крај на повеќемесечната правна битка што следеше по хаотичното финале на Африканскиот куп на нации, одиграно на 18 јануари во Рабат.

Да ве потсетиме дека Сенегал го победи домаќинот на турнирот со 1:0 по продолженијата, но настаните на крајот од регуларниот дел од натпреварот предизвикаа бура во светот на фудбалот.

Незадоволни од одлуката на судијата, најпрвин да им поништи гол во 93-та минута, а потоа да досуди пенал за Мароко во 98-та, сенегалската репрезентација го напушти теренот во знак на протест.

Прекинот траеше 14 минути, а откако Сенегалците се вратија на теренот, Брахим Дијаз се обиде да изведе „паненка“. Неговата намера ја прочита голманот Едуар Менди, додека Папе Геј постигна гол за титулата во продолжението.
Сенегалците го кренаа купот во Рабат, а потоа го прославија со навивачите во нивната татковина, но тоа не беше крајот на приказната.