Познати голем дел европски селекции кои ќе играат на Мундобаскетот

Бранителот на титулата Германија, Хрватска и Полска обезбедија синоќа пласман на Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Катар.
Кошаркарите на Хрватска до својот прв мундијалски настап по пауза од 13 години дојдоа со победа над Полска со 80-69 во Гљивице, во деветтото коло од квалификациската група К.
Хрватска ја предводеше Данко Бранковиќ со 17 поени и осум скокови, а капитенот Дарио Шариќ придонесе со 11 поени.
Во редовите на Полска, која и покрај поразот исто така обезбеди место на Светското првенство, најефикасен беше Јерих Хардин со 19 поени.
Од истата група, место на СП на три кола пред крајот на квалификациите, обезбедија и Германците кои на гостувањето во Рига ја совладаа Летонија со 78-76.
Хрватска и Германија имаат по девет победи и еден пораз, додека третопласираната Полска има седум победи и два порази.