Премиерлигашки судија се соочува со закани по својот живот

Судијата Мајк Дин е на удар на јавноста во Англија. Навивачите се исклучително незадоволно од одлуките на еден од најдобрите арбитри кои Англија ги има. По црвениот картон на Беднарек, а потоа и Соучек, Мајк Дин е непопуларна личност помеѓу навивачите. Неколку од нив дури отидоа толку далеку што судијата доби и закани по својот живот, а англските медиуми пишуваат дека Дин донесе одлука. Судијата поднесе барање за „пауза“. На распоредот за судење, тој требаше да биде на натпреварот на Лестер во ФА Купот, а познатиот арбитар најверојатно ќе паузира наредното коло. Во двата случаи на поделени црвени картони, Дин се одлучи на тој потег по прегледување на ВАР мониторот покрај теренот. И двата картони беа поништени по жалбите на клубовите, па Соучек ќе може да настапи против Шефилд Јунајтед во Премиерлигата веќе овој викенд.