УЕФА потврди: ЕП ќе се игра во 12 града ширум континентот
По извршената инспекција на објектите односно стадионите кои треба да бидат место за одигрување на натпреварите на ЕП 2021 година, од страна на УЕФА е потврдено дека сите 12 градови се подготвени да бидат домаќини на натпреварите на Европското првенство.
„Сакам да потврдам дека турнирот ќе се одржи, бидејќи јас и мојот тим сме овде во Санкт Петербург денес. Со висок степен на самодоверба можам да кажам дека сите 12 градови ќе бидат домаќини на натпреварите. Постојано ја следиме моменталната состојба, ќе гледаме како се развива. Но, во моментот, сите оние кои треба да бидат организатоти – 12 градови – се наоѓаат токму во онаа фаза која беше зацртана од наша страна“, објавија од УЕФА.
Еуро 2020 беше одложено за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот. Во исто време, УЕФА одлучи да не го менува името на натпреварувањето.