За киксот на Манчестер Јунајтед е виновен – Клоп?!

Манчестер Јунајтед одигра само 1:1 на гостувањето кај ВБА, а поделбата на бодовите не беше тоа што „ѓаволите“ го очекуваа. Во текот на натпреварот видовме и една контроверзна одлука. Капитенот на гостите, Хари Мегваер падна во шеснаесетникот, судијата прво покажа на пенал, а по консултацијата со ВАР технологијата ја промени својата одлука. Мегваер се наоѓаше и во офсајд, но судијата Посон одлучи и дека немаше доволен контакт за пенал. Капитенот ка гостите имаше што да каже за таа одлука, па успеа да го „пецне“ и Клоп. „Бев сигурен дека е пенал. Откако луѓе од другите тимови почнаа да зборуваат за нас, не сме добиле ништо, апсолутно ништо. Не разбирам зошто отиде до мониторот. Бев во прилика за гол, почувствував контакт на раменото, ме повлече надолу. Минимално, но беше за пенал. Кога покажа на пенал, мислите дека нема шанса одлуката да се промени. Постојат одлуки кои одат против нас, но мораме да направиме повеќе ако сакаме да победуваме. Не смееме да се потпираме на ВАР одлуките.“ – изјави Мегваер.