Ван Дајк се врати во Ливерпул и наскоро ќе ја започне последната фза на закрепнување

Вирџил ван Дајк се врати во базата на тимот за да го продолжи закрепнувањето.
Познато е дека тој страдаше од сериозна повреда на коленото која ја заработи на дербито со Евертон на 17 октомври 2020 година. Холанѓанецот ги помина последните два месеци во Дубаи, каде што беше подложен на разни процедури за рехабилитација. Сега, сепак, тој ќе го продолжи закрепнувањето во Англија.
Ван Дајк веќе е во Ливерпул и дури го одржа првиот лесен тренинг во новиот Центар за тренинг. Тој направи џогирање, а потоа вежбаше во теретана.
Во наредните недели Ван Дајк ќе продолжи со тренинзи со тренерите на Ливерпул. За него е направен посебен режим за обновување, на кој ќе продолжи да работи се додека не се опорави целосно и не биде подготвен за игра.