Касемиро: Реал докрај ќе се бори за шпанската титула
Играчот за врска на Реал Мадрид, Касемиро, кој го постигна единствениот гол на натпреварот од 24-то коло во шпанската Примера против Ваљадолид кој го доби Реал со 1:0, изјави дека е убеден во тоа дека тимот ќе бори за титулата во Примера. „Веруваме дека ќе се бориме за титулата до крај и знаеме дека секој натпревар е важен. Треба да се бориме за 42 поени, што е многу. Екипата знае дека е тешко, но ние веруваме дека сме во трка за шампионската титула“, изјави Касемиро по вчерашниот натпревар. Реал Мадрид има освоено 52 поени по 24 кола од Ла Лига и го зазема второто место на табелата зад лидерот Атлетико Мадрид кој има 55, но имаат натпревар помалку.