Судија „спасуваше“ гол, па се направи дека ништо не било! (видео)
Мексичкиот судија Оскар Масиас стана вирален хит откако на натпревар од првата фудбалска лига спаси чист гол. Круз Азул во 36. минута водеше со 2:0 против Толука и домаќините имаа прилика да го решат натпреварот. Напаѓачот на Круз Азул го заобиколи голманот и шутираше кон празниот гол, но ја погоди стативата. На одбиената топка натрча негов соиграч и ја упати кон празната мрежа, но гостите ги спасуваше – судијата! Тој следејќи ја акцијата се најде точно на патот на топката, таа го погоди и од него се одби во гол- аут. Играчите на Круз Азул со неверување гледаа што се случи и му објаснуваа на Масиас дека спаси чист гол. Судијата „мртов ладен“ се правеше како ништо да не се случи и, согласно правилата, им ја врати топката на домаќините. Да биде уште полошо, гостите намалија во 44. минута на 2:1, а во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме израмнија на 2:2. Сепак, Масиас го „спаси“ Гиљермо Фернандез, кој во 63. минута постигна гол за победа на Круз Азул.