Бенфика пред потпис со Диего Коста

Диего Коста е слободен агент уште од декември, кога го раскина договорот со Атлетико Мадрид. Од тогаш е во потрага по нов клуб, а португалските медиуми откриваат дека Бенфика испратила официјална понуда за Бразилецот. Португалскиот гигант му нуди договор на две години според кој ќе заработува три милиони евра по сезона. Исто така спремни се да му дадат и уште три милиони евра во име на бонуси, со цел да го добијат неговиот потпис. Диего Коста се поврзуваше со трансфер во Вест Хем, но португалските медиуми се сигурни дека сега е многу блиску до потпис со Бенфика.