Спортинг пред титула по 20 години, на тренерот му се заканува суспензија од 6 години?!

Спортинг Лисабон се наоѓа на прагот на титула, „Лавовите“ по одиграни 22 кола имаат 10 бодови повеќе од Порто. Тоа би бил прекин на постот кој трае скоро 20 години, но за „генијалецот“ кој стои зад успехотѕ се заканува доста долга суспензија. Синдикатот на тренери на Португалија поднесе тужба против тренерот на Спортинг, Рубен Аморим. Некогашниот играч на Бенфика и репрезентативец на Португалија, а сегашен тренер наводно го водел својот тим без дозвола! Аморим го презеде Спортинг во март минатата година, но во тој момент наводно немал дозвола да работи во Примера. Спортинг соопшти дека оваа тужба ќе се запамети „како една од неверојатните епизоди за жалење во португалскиот фудбал“. Спортинг тврди дека Аморим ги почитуваше правилата и дека не постои основа за негова суспензија. Сега е се оставено на фудбалскиот сојуз, доколку Аморим се докаже како виновен го чека суспензија во траење од една до максимални шест години, додека Спортинг би можел да плати финансиска казна.