Роналдо за двајца играчи рече дека ќе ги наследат него и Меси

Кристијано Роналдо веќе има 36 години. Претходните 13 години во светскиот фудбал ги одбележаа доминацијата на Португалецот и Лионел Меси. Двоецот освои 11 од 12 Златни топки во тој период, а доминацијата накратко ја прекина само Лука Модриќ. Роналдо и Меси и понатаму се важни карики во своите екипи, но се чувствува дека се се подалеку од врвот во својата кариера. Новинарите кои го интервјуираа Роналдо ги интересираше кого Португалецот гледа како играч кој ќе го замени него и Меси, односно ќе го преземе приматот во светскиот фудбал. „Тешко е да се впери прстот во само еден играч, но возбудливо е да се види оваа нова генерација која доаѓа. Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе се играчите кои доаѓаат и се фантастични. Некои играчи може да имаат една или две одлични сезони, но оние најголемите се способни да го држат високото ниво доста долго. За тоа е потребно многу труд и работа.“ – вели напаѓачот на Јувентус. „Се надевам дека ќе ме паметат како голем играч, како некој кој напорно работеше и секогаш даваше се од себе да помогне на екипата. Сметам дека со тоа го заслужив своето место во историјата.“ – заклучи Роналдо.