Србинот Митровиќ желба на Мурињо во Рома
Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, по се изгледа, ова лето ќе си замине од фулам кој испадна од Премиер лигата и на повидок е негова преселба во Италија. Српските медиуми пишуваат дека Митровиќ добил повик од новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, кој сака да го донесе во редовите на „римската волчица“. „Митрогол“ не беше задоволен од настапите под диригентската палка на Скот Паркер, затоа што имаше само 13 старта на мечевите на Фулам сезонава, иако постигна 26 гола сезоната претходно. Мурињо е навистина заинтересиран за Митровиќ, кого сакаше да го донесе и претходно во Тотенхем. За српскиот центарфор интерес има од Вест Хем.