Ќе биде тешко и во втора лига, Шалке го напуштаат десет играчи

Германскиот гигант од Гелзенкирхен, Шалке 04 немаше баш најдобра сезона и убедливо испадна од Бундеслигата, па за прв пат по долга пауза од следната сезона ќе се натпреварува во популарната „цвајта“, односно втора германска лига.
На тимот од Гелзенкирхен дефинитивно му требаат промени доколку сака да го врати стариот сјај на некогашниот учесник во Лигата на шампионите , па затоа тимот реши да направи чистка и да отпише дури 10 фудбалери.
Клубот официјално објави дека по испаѓањето ќе си заминат 10 играчи. Од Шалке заминуваат: Бенжамин Стамбули, Бастијан Ошчипка, Стиве Скржибски, Алесандро Шоф, Шкодран Мустафи, Набил Бенталеб, Вилијам, Гонзало Пасинесија, Фредрик Ренов и Килијан Лудевиг.
Според германските медиуми, се очекуваат уште неколку имиња да го напуштат клубот од Гелзенкирхен.