Вест Хем му понуди нов договор на Дејвид Мојс
Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс е близу до потпишување на нов договор со клубот. Според „Телеграф“, Шкотланѓанецот ќе потпише нов тригодишен договор со „чеканите“. Поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед ќе биде награден со нов договор за одличната сезона на Вест Хем во Премиер лигата. „Чеканите“ моментално се наоѓаат на шестото место во лигата, а до пред неколку недели беа блиску до учество во Лигата на шампионите.