Де Лаурентис ја подготви трансфер листата во Наполи
Наполи ќе направи вистинска „чистка“ во тимот ова лето. Наполитанците планираат да се разделат со петмина свои главни играчи. Според информациите објавени во медиумите блиски до клубот, со сигурност ќе бидат продадени централниот дефанзивец Калиду Кулибали и играчот за врска Фабијан Руиз, додека Хисај и Никола Максимовиќ ќе заминат како слободни агенти. Готово е и заминувањето на Бакајоко кој ќе се врати во Челзи. Тренерот Џенаро Гатузо исто така ќе го напушти Наполи. Иднината на стратегот е позната веќе неколку месеци, додека одлуката за продажба на клучните играчи е последица на планираното намалување на платите во клубот од страна на претседателот Аурелио Де Лаурентис.