Џенаро Гатузо веќе не е тренер на Наполи
Откако не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, Наполи го очекува бурно лето, нов тренер и промени во составот. Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на Твитер потврди дека Гатузо нема да го води клубот во новата сезона. „Драг Рино, среќен сум што ги поминав овие две сезони со тебе. Ти благодарам за работата која ја заврши и ти посакувам се најдобро каде и да одиш. Исто така ти испраќам прегратка за твојата сопруга и за твоето дете.“ – напиша Де Лаурентис. Наполи вчеравечер ремизираше со Верона по што падна на петтото место, а од Италија во Лигата на шампионите пласман покрај Интер, Милан и Аталанта, обезбеди и Јувентус.