Младите надежи на ФК Пелистер и понатаму редат победи

Младинската школа на ФК Пелистер, генерацијата 2007 предводена од тренерот Ѓоко Илијовски продолжува со позитивните резултати. Овој пат, најпрво на домашен терен ја совлада екипата на Шкендија со резултат 1:6, а неколку дена подоцна на гостувањето во Скопје на теренот на Цементарница, Пелистер славеше против ФК Кук со 1:4, а подоцна и против Македонија Ѓорче Петров со 1:2.

Тоа беа вкупно три победи во само неколку дена, а две од нив во еден ден за младите надежи на битолскиот клуб.

Школата на Пелистер отсекогаш важела за една од „најплодните“ кога станува збор за фудбалот и развивањето на младите таленти, се чини дека и оваа генерација се движи по истиот пат, а спортските обложувалници ЕВРОТИП и понатаму остануваат верен и активен поддржувач на младинските селекции на ФК Пелистер Битола.