Пиоли: Горд сум на постигнатото од моите фудбалери

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, по натпреварот од последната рунда во Серија А со Аталанта и победата од 2-0 која на „росонерите“ им донесе учество во Лигата на шампионите, ја прокоментира цела сезона и настапот на Милан.
„Второто место на табелата го заработивме со нашиот труд во текот на целата сезона. Главната силина на тимот е тоа што не се повлекуваме во тешки моменти. Многу сум горд на менталитетот на тимот, кој го градевме во текот на сезоната. На 19 натпревари од 38 игравме без Златан, секако дека тоа имаше големо влијание на нашиот учинок, но ова е само почеток на овој тим“, рече Пиоли.