Готово е – Мбапе го напушта ПСЖ!

Шпанскиот весник „Марка“ ја донесува веста дека Килијан Мбапе донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.

Најчитаниот шпански медиум пишува дека напаѓачот го известил раководството на ПСЖ дека нема да го продолжи договорот и дека е време за нови предизвици во неговата кариера. Наводно, Мбапе на тренерот Покетино му рекол дека нема да форсира заминување ова лето, но не планира да остане во Париз и наредната сезона, кога му истекува договорот.

За очекување е дека ПСЖ ќе се обиде да го продаде најскапиот играч на светот како не би го загубил без отштета. Посебен интерес за него покажаа Реал Мадрид и Ливерпул, а според „Трансфермаркт“, вредноста на Мбапе се проценува на 160 милиони евра.