Холандскиот судија Кујперс најави заминување во пензија
Еден од најдобрите фудбалски судии во последниве години – Холанѓанецот, Бјорн Кујперс, набрзо ќе ја заврши професионалната кариера. 48-годишниот судија на 7 август ќе го води последниот натпревар во кариерата и тоа дербито меѓу Ајакс и ПСВ Ајндховен.
„Беше добро. Понекогаш велат дека треба да застанете кога сте на врвот, мислам дека нема подобар момент “ – рече Кујперс. Холанѓанецот беше главен судија на финалето на ЕП 2020 меѓу Англија и Италија а во 2014 година го водеше финалето во Лигата на шампионите меѓу градските ривали Реал и Атлетико Мадрид.
Тој во богатата кариера судеше и две финалиња во Лига Европа. Во 2013 година дуелот Бенфика-Челзи на „Амстердам Арена“ и во 2018 година пресметката меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид на стадионот на Лион.