Постигнат договор за соработка на Олимписките комитети на Македонија и Словенија
Претседателот на МОК, Даниел Димевски и Претседателот на Олимпискиот комитет на Словенија, Богдан Габровец, денеска потпишаа договор за Олимписко партнерство и соработка во однос на заеднички подготовки на најдобрите македонски и словенечки спортисти Олимпијци во пресрет на зимските Олимписки игри Пекинг 2022, Медитеранските игри Оран 2022, Европските игри Гдањск 2023, летните Олимписки игри Париз 2024.
Договорот се однесува и на понатамошни активности по и во овој период кои се однесуваат на унапредување на работата на спортската администрација, спортскиот односно тренерскиот кадар, спортската медицина, користење на спортските објекти и воопшто на спортските ресурси со кои располагат словенечкиот и македонскиот спорт, објавија од МОК.