Роси објави пензија на крајот од сезоната
Еден од најдобрите возачи во историјата на мотоциклизмот, Италијанецот Валентино Роси најави дека заминува во спортска пензија на крајот на оваа сезона.
Одлучив да се повлечам. За жал ја почнувам последната половина од сезоната како возач во Мото ГП. Тоа е тежок момент и поприлично тажен, изјави Роси на средба со новинарите спроти трката во Австрија. Следните години мојот живот ќе се промени. Беше тоа многу долго патување, но исполнето со многу забава, додаде летендарниот италијански мотоциклист, кој освои вкупно девет светски титули во сите категории и забележа 115 победи.
Оваа сезона, меѓутоа, Роси е далеку од самиот врв со само еден пласман меѓу најдобрите десет возачи.