Американката Феликс е најтрофејна светска атлетичарка
Алисон Филикс ја завршува својата уникатна атлетска кариера како најтрофејната спортистка во историјата на Олимписките игри, откако го освои својот единаесетти медал со штафетата на САД на 4×400 метри и ја надмина легендата Карл Луис, кој има десет олимписки медали во својата кариера.
35-годишната Феликс, за која првото олимписко учество беше во 2004 година во Атина, денес го освои својот седми златен олимписки медал, откако американскиот квартет на 4х400 метри во женска конкуренција победи со 3:16,85 минути.
Штафетата на Полска заврши на второто место, со нов национален рекорд од 3:20,53 минути. Третата позиција и бронзениот медал и припадна на претставничките на Јамајка со 3:21,24 минути.