Мбапе сепак го напушта ПСЖ?!
Своето незадоволство од доведувањето на Лионел Меси, Килијан Мбапе најверојатно ќе го манифестира со заминување од редовите на ПСЖ.
Француските медиуми веднаш информираа дека младиот Французин е незадоволен од тој трансфер, а ситуацијата ќе се потруди да ја искористи раководството на Реал. Наводно, „кралскиот клуб“ е подготвен да понуди 120 милиони евра за напаѓачот, што веројатно не е реалната вредност на Мбапе.
Французинот е долгогодишна желба на Реал Мадрид, а се чинеше дека сега не е вистински момент да се исполни бидејќи шпанскиот гигант е во голема финансиска криза. Сепак, до крајот на продениот рок има уште 18 дена и во нив може се да се случи.