Грилиш: Имам уште многу да учам, идеалната возраст ќе дојде за 2-3 години

Џек Грилиш, знае дека очекувањата од него се големи откако „граѓаните“ и дадоа на Астон Вила 100 милиони фунти за неговиот потпис. Со таа сума,  тој стана најскапиот британски играч.

„Секогаш размислувам колку можам да му помогнам на тимот. Затоа платија толку многу за мене. Тоа го прават за играчите како Кевин Де Бруjнe кој знае да донесе пресврт. Имам 25 години, имам три, четири, пет години додека не ја достигнам идеалната возраст. Имам уште многу да научам и многу да се подобрам“, потенцираше напаѓачот.