За Аргентина е скандал, а Бразил тврди дека е измама!
Натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина беше прекинат по седум минути игра откако бразилската федерална полиција и здравствените власти влегоа на теренот и приведоа четворица аргентински репрезентативци, што предизвика хаос во фудбалскиот свет кој ситуацијата ја нарече скандалозна.
Властите од Бразил обвинија за „измама“, а според нив „виновници“ се Џовани Ло Селсо, Кристијано Ромеро, Емилијано Мартинез и Еми Буендија.
Според бразилските здравствени власти четворицата Аргентинци не смееле да влезат во земјата, бидејќи „лажирале“ дека минатиот викенд не играле и не биле во Велика Британија.
Откако играчите од составот на Аргентина беа отстранети од теренот, аргентинските репрезентативци се повлекоа во соблекувалната и побараа натпреварот да се регистрира со службен резултат 0:3 во нивна корист.