„Враќањето на Роналдо е лоша вест“

Менаџерот на Дони ван де Бек, играчот за врска на Манчестер Јунајтед, призна дека е загрижен по враќањето на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд, бидејќи на неговиот играч веројатно му се намалија шансите за настапи.

„Разговаравме со Солскјер и управата. Презедовме иницијатива да пронајдеме клуб и го одбравме Евертон. Ноќ пред последниот ден за трансфери добивме повик од Солскјер, кој ни рече дека нема ништо од трансферот и дека играчот мора да се јави на тренинг наредниот ден.“ – вели Гуидо Алберс.

Сепак, Алберс верува дека Ван де Бек ќе ја добие својата шанса и е подготвен за нови предизвици.

„Се сложивме дека Дони не е играч само за куп натпревари. Тој дојде во Англија да игра во Премиерлигата. Начинот на кој течеше разговорот со Солскјер, во споредба со оној минатото лето… Сега се е појасно. Имам јасни очекувања дека Дони ќе добие своја шанса. Работеше напорно цело лето, имаше само седум дена одмор и останатиот период го искористи да се подготви максимално за новата сезона.“ – изјави Алберс.

Ван де Бек пристина во Јунајтед минатото лето во трансфер вреден 39 милиони евра од редовите на Ајакс.