Романија со само 17 играчи за натпреварот со Македонија

Репрезентацијата на Романија има на располагање само 17 играчи за натпреварот со Македонија, откако Јанис Хаџи доби позитивен тест на КОВИД, а останатите  тројца што завршија во изолација се негативни, Разван Марин, Александру Чикалдау и Драгуш Неделку остануваат во комбинација за дуелот на арената „Тодор Проески“.

Селекторот Радои изјави дека непријатната вест може да влијае врз играта на на Романија против Македонија.

„Кога тргнавме во септемвриските квалификации имав 26 фудбалери, а сега сум на 17. Малку  сме  вознемирени, но ова не смее да не турне надолу, туку да ни даде поголема сила. Сега е шансата да покажеме колку сме сплотени и обединети. Мислам дека веќе покажавме дека позитивно може да одговориме кога сме во тешка ситуација.“ – изјави  Радои.