Тотенхем ги санкционира „проблематичните“ Аргентинци
Фудбалскиот клуб Тотенхем ќе ги казни своите играчи Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро, бидејќи тие без дозвола одговориле на поканата од репрезентацијата на Аргентина.
Според британски Скај, Ло Селсо и Ромеро ќе бидат казнети бидејќи се приклучиле на националниот тим за натпреварите против Венецуела и Бразил, спротивно на желбите на клубот.
Заедно со двајцата играчи и играчите на Астон Вила, Емилијано Мартинез и Емилијано Буендија, ја напуштија Премиерлигата за Аргентинската репрезентација, но Мартинез и Буендија имаа дозвола од клубот од Бирмингем.
Поради нив четворица, натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина беше прекинат во неделата вечерта во Сао Паоло. Бразилските здравствени власти им наредија карантин, бидејќи пристигнаа од Велика Британија и не ги почитуваа мерките за пандемија, но сепак дојдоа на стадионот.