Македонски талент пред „вратите“ на Партизан
Димитар Митровски од ова лето повеќе не е член на тимот на Спортинг Лисабон.
Фудбалерот кој со Дарко Чурлинов беше носител на играта на у21 репрезентацијата на Македонија наскоро би можел да има нов клуб затоа што преку проба ќе се обиде да се наметне кај еден од најдобрите балкански клубови, Партизан.
Медиумите во соседствоот пренесуваат дека 22 годишниот Митровски ќе се обиде да ги задоволи апетитите на тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ.
Преодниот рок во Србија завршува на 17 септември, па дотогаш веројатно ќе биде познато дали Митровски ќе направи трансфер во тимот кој оваа сезона ќе се натпреварува во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.