Салихамиџиќ јавно го критикуваше Ројс
Членот на управниот одбор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, го критикуваше капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, кој деновиве поради наводна повреда доби дозвола да ја напушти репрезентацијата на Германија, но, вчера се појави на теренот и одигра цели 90 минути против Баер Леверкузен.
Салихамиџиќ рече дека не е првпат играчи од други клубови да ги откажат меѓународните обврски додека Баерн Минхен никогаш не го практикува тоа. Тој го посочи примерот со крилото, Серж Гнабри, кој играше и постигна гол на Исланд иако имаше проблеми со грбот.
„Зачудувачки е кога ги пропуштате натпреварите на националната селекција и неколку денови подоцна играте за вашиот клуб. Нашите играчи остануваат и играат“, изјави Салихамиџиќ