Рече дека е лесно да се води богат клуб, па еве какви резултати остварува!

Некогашниот бразилски репрезентативец Ренато Порталупи, попознат како Ренато Гаучо, до оваа година го водеше Гремио и притоа гледаше што прави конкуренцијата во бразилското првенство.

Беше 2018. година кога новинарите го прашаа за коменар по поразот од 1:5 на неговата екипа од Фламенго, а одговорот гласеше:

„Лесно е да се води екипа која вреди 200 милиони бразилски реали.“

Тој ја презеде екипата на Фламенго во втората недела од јули годинава, а оттогаш го докажува она што го изјави пред три години. Во првите 15 натпревари водејќи ја екипата во која се враќаше во неколку наврати во играчката кариера, Гаучо во сите натпреварувања оствари 13 победи, едно реми и еден пораз.

Неговиот тим во тие натпревари забележа гол разлика 49:13.