Барса одлучи – Куман добива отказ!

Фудбалерите на Барселона и Гранада одиграа нерешено 1: 1 во последниот натпревар од петтото коло во Примера.

Барселона едвај освои бод по дебаклот против Баерн Минхен, па се тресе столчето на Роналд Куман во каталонскиот гигант.

Роналд Куман е пред отказ, тоа е сосема извесно, тврди Марка, но проблем е отштетата која каталонците треба да ја исплатат. Таа не е мала и изнесува 13 милиони евра, доколку дојде до предвремен раскин на соработката.

Сепак, по „срамните“ 1:1 со Гранада, и изјавата на Куман дека оваа екипа ќе биде силна по 2-3 години, Лапорта веќе донел одлука да го смени Куман.

Ако се точни информациите од Шпанија и новинарот Жерар Ромеро, во Барселона имаат шест тренери на списокот за наследници на Куман, а најзвучни имиња се Јоаким Лев и Антонио Конте.