Му ветиле трансфер, а сега спие на клупа без пари!
26-годишниот Аргентинец Максимилијано Форнари во моментов е во грчкиот град Лариса. Нема пари и спие на улица. Тој дошол во Грција за да го комплетира трансферот во Аполон од Лариса, но на крајот се пропаднало, па сега е сам во Грција.
„Се се закомплицира. Не знам што се случи. Менаџерите кои ме доведоа ме оставија без ништо. Го напуштив тимот во кој играв зошто добив официјална понуда, но никогаш не потпишав договор.“– изјавил Форнари.
Форнари сега живее на улиците во Лариса и тврди дека нема пари ниту за кафе и дека спие на клупите во паркот во градот.
Пред да дојде во Грција тој играл за Атлетико Гуемеш, а потоа еден менаџер го наговорил да дојде во Лариса и му ветил трансфер во Аполон, од што на крајот не испадна ништо.